• среда, 27 ноември 2024

Лажна пријава за бомба пред Влада за време на посетата на Фон дер Лајен

Лажна пријава за бомба пред Влада за време на посетата на Фон дер Лајен
Скопје, 28 септември 2021 (МИА) -  Полициски службеници привеле едно лице, кое во 10:32 часот во СВР Скопје телефонски пријавило дека при посетата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен ќе биде активирана експлозивна направа пред зградата на Владата.
Од МВР информираат дека преземени се потребните мерки и активности и утврдено е дека пријавата е лажна.
- Лицето И.М. е приведено и задржано во полициска станивца по насоки на јавен обвинител, за натамошна постапка. Лажната пријава не влијае на посетата на претседателката на ЕК и активностите продолжуваат по планираната агенда, посочуваат од Министерство.фф/са/

Остани поврзан