• среда, 25 декември 2024

Лагард: Коронавирусот ја зголемува неизвесноста на економскиот раст

Лагард: Коронавирусот ја зголемува неизвесноста на економскиот раст

Франкфурт, 6 февруари 2020 (МИА) - Претседателката на Европската централната банка (ЕЦБ), Кристин Лагард оцени дека ширењето на коронавирусот носи „нова доза на неизвесност“ на економскиот раст.

Лагард истакна дека заканата од трговска војна меѓу САД и Кина губи на интензитет, но коронавирусот додава нова неизвесност.

Поранешната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) истакна дека ЕЦБ сака да ги задржи каматните стапки на ниско ниво и да продолжи со купување средства на пазарот што е ефикасен автоматски стабилизатор за поддршка на еврозоната.

Претседателот на Федерални резерви на САД, Џерoм Пауел изјави дека ја следи ситуацијата на епидемијата.

- Очигледно е дека ќе има краткорочни последици врз производството во Кина, посочи Паул, додавајќи оти коронавирусот ќе влијае и врз други економии. Досега од коронавирусот починаа околу 500 луѓе, а заразени се повеќе од 24.000 во Кина. ки/ми/

Остани поврзан