• понеделник, 18 ноември 2024

Лагард: Еврозоната се доближива до проектираната инфлација од два отсто

Лагард: Еврозоната се доближива до проектираната инфлација од два отсто

Франкфурт, 31 јули 2023 (МИА) - Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, оцени дека еврозоната се приближува до целта од два отсто по напредокот во борбата против инфлацијата.

„Очигледно е дека монетарната политика почна да влијае врз намалувањето на инфлацијата. Тоа може да се види од кредитните бројки и каматните стапки, а граѓаните го знаат тоа, како и од обемот на кредити кои се во пад, како и од побарувачката на компаниите за кредити“, наведе таа во интервју за парискиот весник „Фигаро“.

Таа додаде дека тоа се гледа и во економијата, во недвижностите и инвестициите.

Говорејќи за шпекулациите дека ќе има пауза во зголемувањето на каматните стапки од септември, претседателката на ЕЦБ беше нејасна, кажувајќи дека „може да има уште едно зголемување на каматните стапки, или можеби пауза“.

„Паузата, без оглед на датумот, во септември или подоцна, не мора да биде дефинитивна“, рече таа и потсети дека ќе бара „одржливо намалување на инфлацијата до целта од два проценти“.

Растот на цените секако е забавен во последните месеци, додека ЕЦБ неколку пати ги зголеми каматните стапки со цел да ја забави инфлацијата, која во јуни во еврозоната изнесуваше 5,5 отсто на годишна основа.

фото:МИА архива

Остани поврзан