• недела, 24 ноември 2024

Лавров: Преговори со Украина за воена неутралност

Лавров: Преговори со Украина за воена неутралност
Москва, 15 март 2022 (МИА) - Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека руско-украинските преговори продолжуваат за обезбедување на воена неутралност на Украина, во контекст на нејзината демилитаризација. „Продолжуваат преговорите за обезбедување на воена неутралност на Украина, во контекст на безбедносни гаранции за сите учесници во процесот, во контекст на демилитаризацијата на Украина, за да нема закани за Русија од нејзината територија и во контекст на прекинување на политика за нацификација на земјата“, рече Лавров по средбата со иранскиот колега Амир Абдолахиан во Москва. Министерот за надворешни работи на Иран изјави дека вчера имал телефонски разговор со неговиот украински колега Дмитриј Кулеба, кој, како што рече, побарал од него да му ја пренесе на Лавров пораката дека Украина е за прекин на војната и за концентрација на политичките прашања. Тој, исто така, изјави дека Кулеба рекол дека Украина е подготвена да ги продолжи преговорите. аа/

Остани поврзан