• четврток, 26 декември 2024

Лавров: Истражуваме дали Западот стои зад бунтот на „Вагнер“

Лавров: Истражуваме дали Западот стои зад бунтот на „Вагнер“

Москва, 26 јуни 2023 (МИА) – Шефот на руската дипломатија,  Сергеј Лавров, денеска изјави дека руските власти истражуваат дали западните специјални служби биле вмешани во саботниот бунт на платениците на „Вагнер“.

Лавров додаде дека разговарал со американскиот амбасадор во Москва, кој му рекол дека САД не се вклучени во вооружениот бунт на платениците на „Вагнер“. 

Како што јави Тасс, Лавров додаде дека САД се надеваат на безбедноста на рускиот нуклеарен арсенал.

Бунтот на „Вагнер“ го почна нејзиниот шеф Евгениј Пригожин, до неодамна многу близок соработник на рускиот претседател.

Лавров, исто така, го цитираше американскиот амбасадор во ставот дека бунтот во саботата на платениците на „Вагнер“ е внатрешна работа на Русија.

Бунтот што почна во ноќта меѓу петокот и саботата во Ростов на Дон го предводеше лично лидерот Пригожин, чии сили главно беа вклучени во уништувањето и окупацијата на украинскиот град Бахмут. сд/

фото:архива

Остани поврзан