• сабота, 23 ноември 2024

Лавров: Западот прво ја рекламираше, а сега ја уништува глобализацијата

Лавров: Западот прво ја рекламираше, а сега ја уништува глобализацијата

Москва, 10 ноември 2024 (МИА) – Глобализацијата, која со години се рекламира, ја уништува самиот Запад поради незаконски санкции и злоупотреба на доларот, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

- Самата глобализација, која со децении ни се рекламира како идеален начин на функционирање на светската економија, во суштина ја уништува самиот Запад. А глобалната економија се распарчува. Причината се незаконските санкции и злоупотребата на доларите, рече Лавров на завршниот настан на министерската конференција на форумот за партнерство Русија-Африка.

Рускиот министер за надворешни работи додаде дека на првата министерска конференција страните усвоиле заедничка изјава.

- Верувам дека направивме многу добра работа, усвоивме документи: наша заедничка изјава која содржи општи оценки за состојбите во светот, состојбата на работите … и во економската, социјалната, инвестициската, сферата на безбедноста и борбата против тероризмот, со нови предизвици и, се разбира, во културната, образовната и хуманитарната област, рече Лавров.

Според него, тие оценки биле проследени со конкретни договори во секоја од овие области, креирајќи насоки кои ќе бидат промовирани во блиска иднина, вклучително и како дел од подготовките за вториот настан, втората конференција на министерското партнерство „Русија-Африка“.

Лавров рече дека втората министерска конференција ќе се одржи во 2025 година.

Министерската конференција се одржува на 9 до 10 ноември на руската федерална територија Сириус, која се наоѓа во близина на Сочи. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан