• среда, 18 декември 2024

Лавров: Западот оркестрира нова студена војна која се заканува да влезе во жешка фаза

Лавров: Западот оркестрира нова студена војна која се заканува да влезе во жешка фаза

Валета, 5 декември 2024 (МИА) – Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска го обвини Западот дека оркестрирал „нова студена војна“, која, како што оцени, се заканува да премине во „жешка фаза“, пренесе Бета повикувајќи се на руски медиуми.

- За да го вратиме НАТО на политичката сцена, по авганистанскиот дебакл ни требаше обединувачки непријател. Решението беше заживување на Студената војна, само што сега постои поголем ризик таа да премине во жешка фаза, рече Лавров пред учесниците на состанокот на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) на Малта.

Шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха претходно денеска го нарече Лавров воен злосторник.

Сергеј Лавров денеска пристигна на Малта, во прва посета на земја од Европската унија од почетокот на војната во Украина во 2022 година.

Шефот на руската дипломатија, кој е под санкции на ЕУ, не ја посетил Унијата од неговото патување во Стокхолм во декември 2021 година, исто така на состанок на ОБСЕ, пренесуваат руските медиуми. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан