• четврток, 26 декември 2024

Лавров во самоизолација

Лавров во самоизолација
Москва, 27 октомври 2020 (МИА) – Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе биде во самоизолација поради контакт со лице позитивно на коронавирусот, а сите закажани посети и состаноци ќе бидат одложени, објави прес-службата на руското Министерство за надворешни работи. - Сите претходно закажани посети и состаноци ќе бидат одложени. Тој се чувствува добро, соопшти Министерството. Лавров утре требаше да оди во дводневна посета на Србија, при што требаше да се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ. јт/

Остани поврзан