• четврток, 26 декември 2024

Лабудовиќ: Одличната игра на тимот ја донесе победата

Лабудовиќ: Одличната игра на тимот ја донесе победата

 

Вилнус, 8 април 2024 (МИА) – Селекторот на македонската женска тениска репрезентација Димитар Лабудовиќ изрази задоволство од стартната победа над Естонија во Били Џин Кинг Купот.

Македонските тенисерки настапот во рамките на Втората Евроафриканска зона во Вилнус го почнаа со победа од 2-1, иако естонските противнички поведоа со поенот што им го донесе Елена Малигина со триумфот над Магдалена Стоилковска. Сепак Македонија изедначи откако Лина Ѓорческа ја совлада Каја Канепи, па мечот во дубл го реши победникот.

· Одигравме меч како што посакувавме, едноставно целиот тим беше на висината на задачата. Ќе почнам од мечот во двојки, девојките одиграа одлично. Мислам дека за Стоилковска ова беше најдобриот нејзин меч во дубл. Заедно со Ѓорческа во текот на целиот меч играа без грешка. Притоа Лина имаше извонреден меч со Канепи, впрочем и двете тенисерки играа одлично, но клучните поени кога се „кршеше“ мечот ги освои Лина. И Стоилковска одигра добар сингл меч, што го потврди подоцна во играта во двојки“, изјави Лабудовиќ за официјалниот сајт на Тениската федерација на Македонија.

За македонските тенисерки утре е слободен ден, пред дуелот в среда против Хрватска. ег ФОТО: ТФМ

 

Остани поврзан