• петок, 27 декември 2024

Лабадија го замени Клинсман на чело на Херта

Лабадија го замени Клинсман на чело на Херта
Берлин, 9 април 2020 (МИА) - Бруно Лабадија го наследи Јирген Клинсман за нов тренер на германскиот клуб Херта, соопшти прес-службата на клубот. - Бруно има силно познавање на Бундеслигата во своите многу години како играч и тренер и докажа дека може да ги стабилизира тимовите и да ги искачи во пласманот“, рече спортскиот директор Мајкл Прец. За назначувањето на Лабадија пишуваа весникот „Билд“ и магазинот „Кикер“, кои претходно објавија дека 52-годишниот Лабадија ќе потпише договор до 2022 година и ќе ги започне подготовките со тимот доколку Бундеслигата се обнови следниот месец, откако е суспендирана на 13 март поради пандемија на коронавирус. Како и повеќето клубови во шампионатот, Херта продолжи со тренинзите оваа недела за прв пат откако беше прекината кампањата.

Остани поврзан