• недела, 24 ноември 2024

Кјелини засрамен од расистичките испади на италијанските навивачи

Кјелини засрамен од расистичките испади на италијанските навивачи
Рим, 6 oктомври 2021 (МИА) – Италијанскиот фудбалски репрезентативец и член на Јувентус, Роберто Кјелини изјави дека „се срами како Италијанец“ поради расистичките навреди, кои навивачите на Фиорентина во неделата им ги упатија на црномурестите фудбалери на Наполи. Весникот „Газета дело Спорт“ објави денеска дека цел на расистички навреди на неделниот натпревар во Фиренца биле фудбалерите на Наполи, Калиду Кулибали, Виктор Осимен и Андре-Франк Замбо Ангуиса. Обраќајќи им се на новинарите пред вечерашниот полуфинален натпревар против Шпанија во Лигата на нации, Кјелини рече дека таквото однесување е „неприфатливо“. - Потребни ни се закони и правила, кои се применуваат. Се срамев како Италијанец и Тосканец, затоа што во моите очи Италија не е расистичка земја, изјави Кјелини. ег/паг/

Остани поврзан