• четврток, 26 декември 2024

КФЦ го суспендира слоганот „Прсти да излижеш“

КФЦ го суспендира слоганот „Прсти да излижеш“
Нешвил, 26 август 2020 (МИА) - Познатиот американски синџир ресторани „Кентаки фрајд чикен“ (КФЦ) привремено ќе го повлече долгогодишниот слоган „Добро е, прсти да излижеш“, затоа што утврдиле оти тој е несоодветен во време на пандемијата на коронавирусот. Отсега тоа ќе гласи само: „Добро е“. Раководството на оваа американска компанија смета дека тоа треба да придонесе во борбата против пандемијата, во којашто личната хигиена е приоритет. „Додека ни кажуваат од сите страни дека мора да носиме заштитни маски и да ги миеме рацете често, додека здравствените работници препорачуваат да не го допираме лицето, раководството на КФЦ одлучи дека овој стар, добро познат слоган веќе не звучи како што треба“, се истакнува во известувањето. Слоганот, којшто Џем Брендс - сопственикот на брендот, го користи цели 64 години, ќе биде повлечен в понеделник низ целиот свет и ќе се користи повторно дури кога за тоа ќе дојде време, нагласуваат од компанијата.  си/паг/

Остани поврзан