• четврток, 19 декември 2024

КФСМ: Федерацијата, со посебна одлука на Владата, ја доби салата „Кале“ во свое владение

КФСМ: Федерацијата, со посебна одлука на Владата, ја доби салата „Кале“ во свое владение
Скопје, 13 април 2020 (МИА) - Кошаркарската федерација на Северна Македонија преку соопштение ја информира јавноста во врска со последните пишувања на средствата за јавно информирање во нашата земја, поврзани со стопанисувањето на спортскиот објект при Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје. КФСМ демантира дека федерацијата е искористена околу добивањето под закуп на Салата „Кале“. - Точно е дека федерацијата, со посебна одлука на Владата на РСМ, го доби во свое владение објектот означен како спортска сала при СРЦ „Кале“, односно големата сала при Спортскиот центар „Кале“ во Скопје (СРЦ Кале 1). Веруваме дека сето ова ви е доволен доказ за чесното функционирање на Кошаркарската федерација која во овој случај, со кој немаме никакви допирни точки, е крајно злоупотребена со изнесените дезинформации во јавноста. Апелираме до одредени структури, кои го користат моментот да се јават со разно-разни конструкции, да не нè внесуваат нас во своите криминални игри. Во една ваква, вонредна ситуација, во која пред сè, треба да се грижиме за некои други, многу поважни работи, над сè здравјето на луѓето, вклучително и кошаркарските клубови, спортските работници, играчите, во најмала рака е несериозно да се изнесуваат невистини поврзани со работата на федерацијата, се вели во соопштението на КФСМ. Пред неколку дена Антикорупциската комисија покрена околу закупот на „Кале“, против Даниел Димевски, советникот за спорт во Владата и поранешен претседател на Македонската кошаркарска федерација. зс/

Остани поврзан