• вторник, 24 декември 2024

КФСМ: Перо Антиќ не бара работа, останува посветен на македонската кошарка

КФСМ: Перо Антиќ не бара работа, останува посветен на македонската кошарка

 

Скопје, 23 јули 2024 (МИА) – Македонската кошаркарска федерација (КФСМ) демантираше денеска дека посетата на претседателот Перо Антиќ на САД е поврзана со негов нов работен ангажман.

Во своето соопштение, КФСМ истакнува дека Антиќ останува целосно посветен на развојот на македонската кошарка преку нови проекти.

Соопштението на КФСМ ви го пренесуваме во целост:

„Спортот ќе го оставиме на спортистите, а ќе ја изоставиме политиката и влијанието од „надворешни сили“ – вака започна приказната на Перо Антиќ како претседател на раководното тело на кошарката во Македонија.

Наместо да сме среќни и горди што имаме врвен, професионален однос со екипи и раководни лица во Европа и „преку океанот“, ние тоа го користиме за сензационализам и за валкање на нечие име и однос.

Перо Антиќ не бара работа. Перо Антиќ има доволно работа во Македонија и сето она што го „работи“ надвор од границите е отворање на врати исклучиво во интерес на македонската кошарка и ЗА македонската кошарка.

Благодарение на таа работа, во Македонија за неколку седмици ќе пристигне Хорхе Гарбахоса, претседателот на ФИБА Европа, а неколку дена по него ќе пристигне и Андреас Заглис, генералниот секретар на ФИБА свет којшто е еден од највлијателните лица во светската кошарка. Секојдневната комуникација со ФИБА и со НБА резултира со голем број на проекти, летни лиги, кампови и разни обуки на стручни лица во кошарката кои придонесуваат за развојот во Македонија. Во иднина очекуваме зголемување на обем на работата и проектите на Федерацијата за добро на сите кошаркарски работници.

Клубовите кои се вознемирени од ваквите написи и веќе нè контактираа ги уверуваме дека ќе продолжиме да ја оправдуваме довербата која несебично ни ја даваат во текот на сите овие години.

Секој кој продолжува да го валка името на овој тим, поединечно или како целина, само докажува за својот личен карактер и зли намери“, стои во соопштението. ег ФОТО: КФСМ

Остани поврзан