Куќа од контејнери
- Студиото МБ, користејќи го прототип-концептот Инста Хоусе, создаде живеалиште од шест бродски товарни контејнери.
![Куќа од контејнери](https://new.mia.mk/index.php/images/20221102221549_big_730x400_39.webp )
Лос Анџелес, 3 март 2020 (МИА) - Студиото МБ, користејќи го прототип-концептот Инста Хоусе, создаде живеалиште од шест бродски товарни контејнери.
Крајниот исход од сè тоа е современ функционален дом со четири спални соби, три бањи, кујна и пространа соба за дневен престој.
Контејнерите за куќата прво биле прилагодени, па биле поврзани за да има ходници и скали меѓу нив. Дневните соби се двојни, поточно елементите се еден врз друг, а просториите за одмор и се горе или отстрана.
Надвор се наоѓа базен опкружен со зеленило. си/сд/
![контејнер куќа 1](/articles/images/ku-a-od-konte-neri/afVzOUHmJ/placeholder.webp?use_watermark=0)