• среда, 25 декември 2024

„Куќа на змејот“ ќе има четири сезони

„Куќа на змејот“ ќе има четири сезони

Лос Анџелес, 6 авгyст 2024 (МИА) - На прес-конференција вчера, на којашто се разговараше за крајот на втората сезона на „Куќа на змејот“, авторот Рајан Кондал откри дека претпродолжението на „Игра на престоли“ ќе се прикажува уште две години - сѐ на сѐ четири сезони.

Кондал, имено, потврди дека се пишува третата сезона, а предвидено е продукцијата да почне на почетокот на 2025 година, пренесе „Варајети“ (Variety). Прашан дали и третата сезона ќе има осум епизоди, колку и втората сезона, Кондал рече:

- Не сум разговарал со „Ејч-би-о“ (HBO) за тоа. Само би очекувал дека ритамот на серијата, од гледна точка на драматично раскажување, ќе остане ист како во втората сезона.

„Ејч-би-о“, инаку, работи на уште едно претпродолжение на оригиналната приказна „Игра на престоли“, под наслов „Витез на седумте кралства“. Приказната се случува 100 години пред настаните во хит-серијата од минатото десетлетие.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан