• четврток, 26 декември 2024

Кучето-робот „Спот“ како пожарникар во Њујорк

Кучето-робот „Спот“ како пожарникар во Њујорк
Њујорк, 23 март 2022 (МИА) - Противпожарната служба на Њујорк, САД, купи роботи во облик на кучиња коишто во иднина ќе учествуваат во спасувачки потфати. Роботите „Спот“ се во производство на „Бостан дајнамикс“ (Boston Dynamics), а цената на нарачката е околу 75.000 долари, објави „Њујорк тајмс“. Кучето-робот првпат беше претставено во 2016 година. Станува збор за мал робот со четири нозе тежок 25 - 30 килограми. Опремен е со повеќе проприоцептивни сензори, камери и цврсто поставен бранов жироскоп. https://www.youtube.com/watch?v=mqDncPrTI2w Се наведува дека е целосно електричен и може да работи околу 90 минути на батерија со едно полнење. Кучињата-роботи ќе бидат управувани од оператор и ќе собираат фотографии и видеа од местото на настанот.  си/ссм/

Остани поврзан