• среда, 27 ноември 2024

Кучан: Во Брисел знаат кој е автор на документот за евентуална промена на границите на Балканот

Кучан: Во Брисел знаат кој е автор на документот за евентуална промена на границите на Балканот
Љубљана, 11 јуни 2021 (МИА) - Првиот претседател на Словенија, Милан Кучан изјави дека очигледно постои нон-пејпер за можна промена на границите на Балканот, иако словенечки претставници негираат каква било вмешаност. - Не знам што го натера претседателот (Борут) Пахор да го постави тоа прашање. Тој го негира тоа, велејќи дека неговиот став е јасен дека нема дискусија за промена на границите. Тоа е демантирано и од премиерот на нашата Влада, но очигледно постои таков нон-пејпер. Сега излезе дека Брисел знае кој е авторот на нон-пејперот, како и неговата содржина, но тие не сакаат да го откријат поради неговиот погубен ефект врз меѓународните односи, изјави Кучан за Радио Слободна Европа. Кучан додаде дека Словенија не може да има поинаков став од ставот за осамостојување на земјата - оти сите републики имаат право на свои држави и распадот на Југославија да заврши во постојните граници.
  • Значи, никакво прецртување на границите не доаѓа предвид, нагласи Кучан. ми/

Остани поврзан