• четврток, 26 декември 2024

Кутињо нема намера да ја напушти Барселона во јануари

Кутињо нема намера да ја напушти Барселона во јануари
Барселона, 16 ноември 2021 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред Филипе Кутињо не планира да ја напушти Барселона во блиска иднина. Каталонскиот клуб сакаше да го продаде или изнајми Бразилецот, но не можеше да најде нов тим за него во текот на летото. Поранешниот тренер на Каталонците, Роналд Куман му даде шанса на 29-годишниот играч за врска, но тој не успеа да се наметне оваа сезона. Чави, кој неодамна го презеде тимот, планира да разговара со Кутињо пред да одлучи за неговата иднина во Барселона. И покрај тоа, самиот играч не сака да замине во јануари. Решен е да ја заврши сезоната, а во лето да ги разгледа сите опции. зс/

Остани поврзан