• недела, 24 ноември 2024

Курц бара промена на механизмот за распределба на вакцините

Курц бара промена на механизмот за распределба на вакцините
Виена, 24 март 2021 (МИА) - Австрискиот канцелар Себастијан Курц пред утрешниот Самитот на Европска Унија предупреди на поделбата во ЕУ поради нееднаквата распределба на вакцините, нагласувајќи дека во Унијата не треба да има „граѓани од втор ред“. - Не може да биде во наш интерес зголемувањето на јазот во ЕУ, кога станува збор за вакцинацијата и дека создаваме граѓани од втор ред во рамките на ЕУ, истакна Курц за германскиот дневен весник „Ди Велт“. Тој ја критикуваше практиката на поделба на вакцината според количеството на нарачани дози, а не според бројот на жители, како што беше договорено на почетокот на годината. - Сега имаме ситуација некои земји да се постигне колективен  имунитет до крајот на мај, додека во други земји ова ќе биде случај на крајот на летото или на годината, посочи Курц. Тој најави дека ќе разговара за ова прашање на утрешниот самит на ЕУ, кој, според него, нема техничка, туку политичка природа. - Граѓаните на ЕУ со право очекуваат да го решиме проблемот со дистрибуција на вакцини затоа што е во прашање солидарноста во рамките на ЕУ, наведе Курц. Германија го одби барањето на австрискиот канцелар за промена на механизмот за дистрибуција на вакцините во рамките на ЕУ. ми/

Остани поврзан