• четврток, 26 декември 2024

Куртовски: СДСМ ќе ја повлече кандидатурата за Маврово Ростуше откако ВМРО ДПМНЕ не собра храброст да излезе на повторените локални избори

Куртовски: СДСМ ќе ја повлече кандидатурата за Маврово Ростуше откако ВМРО ДПМНЕ не собра храброст да излезе на повторените локални избори
Скопје, 16 март 2022 Почитувани граѓани на општина Маврово и Ростуше, За жал ВМРО-ДПМНЕ не собра храброст да излезе пред вас, пред граѓаните на Маврово и Ростуше на повторените локални избори кои треба да се одржат на 17 април. Знаат многу добро во ВМРО-ДПМНЕ дека ги чека пораз, знаат дека како градоначалник на чело на општината во изминатите години реализиравме бројни проекти во делот на локални патишта, паркинзи, водоводни и одводни мрежи, локални улици и слично. А можеби тие немаат ниту личност која би се нафатила да биде нивен кандидат. Ова почитувани сограѓани, е неодговорност на опозицијата кон општината и граѓаните на Маврово и Ростуше. Ним не им е важно општината да биде функционална со целосен капацитет и легитимитет. Се заблагодарувам на граѓаните на општина Маврово и Ростуше кои излегоа на минатите избори и го дадоа својот глас. Сакам да се заблагодарам на сите колициони партнери кои се потпишаа и застанаа зад оваа моја кандидатура. Исто така се заблагодарувам и на сите нашинци од дијаспората кои изразија подготвеност да дојдат и да гласаат на повторените локални избори. Имајќи го предвид фактот дека од другата страна нема против кандидат, како и фактот дека голем број наши сограѓани се дел од дијаспората, особено во овој период од годината, постои реален ризик локалните избори повторно да не успеат. Јас како одговорен и совесен човек, но и СДСМ како државотворна и одговорна партија на кои на прво место ни се граѓаните донесовме одлука да ја повлечеме нашата кандидатура. Да нема дополнителни трошоци во време на криза, односно пари од буџетот на општината да не се трошат на избори кои може повторно да бидат неуспешни. Заедно со нашите граѓани, со дијаспората, го чекаме следниот термин за изборно соочување а дотогаш оставаме на Владата да назначи повереник до изборот на нов градоначалник. Во изминатите четири години покажавме како се работи чесно, одговорно и домаќински во интерес на сите наши сограѓани и затоа СДСМ во Маврово и Ростуше ќе биде победник кога ќе има со кого да се бориме и кога и да се случат локалните избори. Медат Куртовски, кандидат за градоначалник на СДСМ за општина Маврово и Ростуше ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан