• сабота, 22 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Куртоа наскоро ќе се врати во белгиската репрезентација

Куртоа наскоро ќе се врати во белгиската репрезентација

Мадрид, 25 февруари 2025 (МИА) - Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа во март ќе го одигра првиот натпревар по враќањето во белгиската репрезентација.

Според „Marca“, новиот селектор Руди Гарсија ќе го повика голманот за претстојните натпревари од Лигата на нации. Белгија ќе игра против Украина во баражот за правото на настап во највисоката лига на турнирот на 20 и 23 март.

Во летото 2024 година, Куртоа објави дека ја прекинал кариерата во националниот тим поради конфликт со тогашниот селектор Тедеско. Во јануари годинава Тедеско доби отказ. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан