• сабота, 27 јули 2024

Куртоа ги скина вкрстените лигаменти

Куртоа ги скина вкрстените лигаменти

Мадрид, 10 август 2023 (МИА) - Голманот на Реал Мадрид и Белгија, Тибо Куртоа подолго време ќе биде надвор од терените поради тешка повреда. Според прес-службата на мадридскиот клуб, на играчот му била констатирана руптура на предните вкрстени лигаменти на левото колено. Во блиска иднина Белгиецот ќе биде опериран.

 

Реал информира дека Куртоа се повредил на тренинг. Точниот тајминг на закрепнувањето на играчот ќе биде познат подоцна.

 

Триесет и едногодишниот Куртоа минатата сезона забележа 49 настапи за Реал Мадрид и прими 49 гола.

 

Реал Мадрид првиот натпревар од новата сезона од шампионатот на Шпанија ќе го одигра на 12 август против Атлетико Мадрид. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан