Курти со амбасадорот Гуеро: Франција да биде поприсутна во Косово и Западен Балкан
- Според соопштението од косовската Влада, Гуеро на денешната средба со Курти „повторно го нагласи ставот на Претседателството и на Владата на Франција за зголемено ангажирање и поактивна улога
Приштина, 11 октомври 2022 (МИА) – Косовскиот премиер, Албин Курти и новоименуваниот француски амбасадор во Приштина, Оливие Гуеро се согласни дека Франција треба да биде повеќе присутна во Косово и во регионот, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според соопштението од косовската Влада, Гуеро на денешната средба со Курти „повторно го нагласи ставот на Претседателството и на Владата на Франција за зголемено ангажирање и поактивна улога во Западен Балкан генерално, и во Косово, посебно“.
Курти на средбата му изразил признание на францускиот претседател, Емануел Макрон за неговите заложби за визна либерализација за косовските граѓани и за улогата во дијалогот со Србија.
- Перемиерот Курти... го поздрави обновеното вклучување на Франција и Германија во регионот, за Берлинскиот процес и за решавањето на дијалогот со Србија, нагласувајќи дека Косово останува посветено и конструктивно во тој процес, се вели во соопштението.
На средбата станало збор за можностите за привлекување на француски инвеститори во Косово и за соработката на надлежните министерства и други институциите на двете држави, пред сé во областа на правото, но и во културата, спортот и на други полиња. иа/