• четврток, 19 декември 2024

Курти: Првпат Косово има над 400.000 активни работни места

Курти: Првпат Косово има над 400.000 активни работни места

Приштина, 30 јули 2023 (МИА) - Косовскиот премиер Албин Курти на Твитер напиша дека по првпат во својата економија Косово има над 400.000 активни работни места.

Според косовскиот премиер, тоа е показател за успешна политика.

„Нашата економија по првпат има над 400.000 регистрирани активни работни места. Ова е силен показател за успехот на нашите трудови и економски политики кои им помогнаа на жените, лицата со посебни потреби, претприемачите и другите да бидат успешни учесници во работната сила“, напиша Курти на Твитер. ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан