• среда, 18 декември 2024

Курти и Сарацин разговараа за актуелната безбедносна состојба на Косово по нападот во Бањска

Курти и Сарацин разговараа за актуелната безбедносна состојба на Косово по нападот во Бањска

Приштина, 1 октомври 2023 (МИА) - Косовскиот премиер Албин Курти денеска разговараше со специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин за безбедносната ситуација на Косово. Тоа е втора посета на Сарацин на Косово во рок од седум дена.

На средбата на која присуствуваше и германскиот амбасадор во Косово, Јорн Роде, Курти истакна дека доказите собрани во текот на истрагата спроведена по „криминалниот и терористичкиот напад“ ја докажуваат „директната вмешаност на државните институции на Србија во овој чин на агресија врз Косово“, за што Србија треба да биде меѓународно санкционирана и казнета.

Курти, се додава во соопштението, му се заблагодарил на амбасадорот Сарацин за оваа посета и неговиот континуиран и интензивен ангажман. зш/

Остани поврзан