• сабота, 23 ноември 2024

Курти и Пич разговараа за соработката на меѓу Косово и Велика Британија и за влијанието на Русија

Курти и Пич разговараа за соработката на меѓу Косово и Велика Британија и за влијанието на Русија

Приштина, 5 јануари 2023 (МИА) – Косовскиот премиер Албин Курти и британскиот пратеник за Западен Балкан, денеска во Приштина разговараа за соработката меѓу Косово и Велика Британија, како и за влијанието на Русија.

По пристигнувањето во Приштина, Пич замина во Владата на Косово на средба со премиерот Албин Курти, а напладне ќе биде примен и од претседателката на државата, Вјоса Османи.Во соопштението се наведува дека „на првата средба годинава“ се разговарало за досегашната соработка и „новите можности во текот на 2023 година“.

Курти ги истакна одличните билатерални односи и важноста на поддршката на Велика Британија за Косово, особено на полето на безбедноста“.

Во соопштението се наведува дека разговарале и за „предизвиците со кои се соочува регионот на Западен Балкан, за опасноста од влијанието на Русија врз безбедноста и напредокот, како и за важната улога на НАТО во спречувањето на влијанието и намерите на Москва во регионот“.

Курти рече дека на Косово има демократски, правен, економски и социјален напредок, кој мора да се заштити заедно со партнерите и сојузниците, се вели во соопштението, во кое се додава дека и се заблагодарува на Велика Британија за „активен ангажман во косовските интегративни процеси“.

Пич претходно се сретна со претседателката на Косово, Вјоса Османи. рп/

Остани поврзан