• среда, 18 декември 2024

Курти: Во Брисел ја изразив нашата загриженост за постојаните безбедносни закани кон Косово

Курти: Во Брисел ја изразив нашата загриженост за постојаните безбедносни закани кон Косово

Приштина, 4 декември 2024 (МИА) - Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека имал „продуктивна средба“ со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешната објава на платформата „Х“, Курти вели дека на средбата со Кошта, како и на заедничката вечера со другите лидери од Западен Балкан, изразил загриженост за тековните закани за безбедноста на Косово, вклучително и последниот терористички напад на каналот Ибар-Лепенец во северно Косово.

-Му честитав (на Кошта) за новата улога и ја потврдив посветеноста на Косово за продлабочување на односите со ЕУ и унапредување на нашите аспирации за членство. За време на нашата билатерална средба и на заедничката вечера на шесте лидери на земјите од Западен Балкан, со високата претставничка Каја Калас и со комесарката Марта Кос, изразив загриженост за постојаните заплашувања и закани по нашата безбедност, вклучително и последниот терористички напад врз нашата критична инфраструктура и повикав на одговорност, напиша Курти.

Косовскиот премиер нагласува дека „регионалната соработка треба да се заснова на добрососедски односи кои“, според него, „бараат признавање и взаемно почитување, одговорност и заедничка посветеност на мирот“. иа/

Фото: „Х“ на Курти

Остани поврзан