• недела, 24 ноември 2024

Курдските милитанти ги прекинаа „операциите“ по земјотресот во Турција

Курдските милитанти ги прекинаа „операциите“ по земјотресот во Турција

Анкара, 10 февруари 2023 (МИА) - Курдските милитанти привремено ги прекинуваат „операциите“ во Турција по големиот земјотрес во земјата и Сирија, изјави лидер на ПКК. 

„Стоп за операциите во Турција, во градовите. Решивме да не спроведуваме никаква операција се додека турската држава не не напаѓа“, рече водачот Џемил Бајик цитиран од АНФ, новинска агенција блиска до Курдистанската работничка партија.  

„Земјотресот предизвика огромна катастрофа. Илјадници наши луѓе се под урнатините. Секој мора да се мобилизира“, додаде тој. 

ПКК води повеќедецениски бунт против турската држава во кој загинаа десетици илјади цивили и безбедносни лица. 

Во декември, бомба погоди оклопно полициско комбе во југоисточна Турција, при што беа повредени деветмина. Еден месец подоцна, во бомбашки напад во Истанбул загинаа шест лица за кои Анкара ја обвини ПКК. паг/

Остани поврзан