• сабота, 09 ноември 2024

Куратица подготвена за годинешниот 25-ти Василичарски карневал под маски

Куратица подготвена за годинешниот 25-ти Василичарски карневал под маски

Охрид, 10 јануари 2024 (МИА) – Жителите на охридското село Куратица и оваа година по 25-ти пат празникот на селото - Свети Василиј Велики ќе го одбележат со голем карневал под маски. Според организаторот на манифестацијата (здружението Св.Василиј и Месната заедница) Курајчани подготвени за сите оние кои ќе решат да бидат нивни гости на оваа веќе традиционална веселба.

Манифестацијата што важи за најзначајно збиднување во селото, има долгогодишна традиција, оживеана како свеовидна туристичка атракција во 1988 година. 

Самиот карневал под маски почнува 13 јануари околу 18 часот кога зетот, невестата, бајачот, валегачот, музикантите маскирани тргнуваат во обиколка на сите домаќинства во селото. Секое домаќинство, секоја куќа приготвува храна и пијалок за гостите, а следниот ден собраната храна се нуди на гостите кои ќе се во Куратица за главниот настан – дефилето на маските.

Карневалот во Куратица веќе се вбројува меѓу позначајните во земјава, покрај струмичкиот, вевчанскиот, прилепскиот и секоја година се збогатува со нови содржини. За оваа година најавено е учество на василичари од Прилеп и од Воден – Грција.

Манифестацијата како и секоја година ќе биде збогатена со културно-забавна програма, за која ова фестивалско издание се задолжени Анета Љумакоска и групата „Оскар“. Настанот ќе биде заокружен со прогласувањето на најдобрите и најоригиналните маски, како и со голем васичичарски огномет.

Жителите на Куратица велат дека карневалот е стар исто колку што е старо и селото. Непотврдени податоци говорат дека маскирањето во Куратица има традиција што датира од далечната 1575 година. аб/дма/

фото/МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан