• недела, 24 ноември 2024

Куомо истрагата против него ја оцени како неправедна

Куомо истрагата против него ја оцени како неправедна
 Вашингтон, 24 август 2021 (МИА) - Гувернерот на Њујорк во заминување, Ендру Куомо во своето последно обраќање државната истрага против него ја оцени како неправедна. - Ме знаете: јас сум борец и мојот инстикт е да се борам против ова , бидејќи според мене, тоа е нефер и неправедно, изјави Куомо во снимената порака. Куомо денеска заминува од функција. Тој претходно поднесе оставка откако беше обвинет за сексуално возменирување на 11 жени. Истрагата против Куомо почна во март откако две жени го обвинија за сексуално вознемирување. Петмесечната истрага покажа дека Куомо сексуално вознемирувал 11 же ни, кршејќи ги сојузните и државните закони, создавајќи „клима на страв“ во својата канцеларија. На негово место доаѓа 62-годишната Хочул, демократ и поранешна членка на Конгресот во Бафало. Таа ќе биде 57. гувернерка на државата Њујорк и прва жена на таа функција. ми/

Остани поврзан