• среда, 18 декември 2024

Куман по СП се враќа на клупата на Холандија

Куман по СП се враќа на клупата на Холандија
Хаг, 6 април 2022 (МИА) – Фудбалската федерација на Холандија објави денеска дека селекторската должност по завршувањето на Светското првенство, од 21 ноември до 18 декември во Катар, повторно ќе ја преземе Роналд Куман. Куман, кој ја предводеше Холандија од февруари 2018 до август 2020 година, на селекторската клупа ќе седне на местото на Луј ван Гал, кој претходно оваа недела објави дека ќе се повлече по Мундијалот и ќе се посвети на лекување на ракот на простата од кој боледува. Како селектор, Куман со Холандија обезбеди пласман на ЕУРО2020 и финале во Лигата на нации, но во август 2020 година доби „повик од соништата“ и ја прифати тренерската должност во Барселона, клубот во кој ги мина своите најдобри фудбалски денови. Меѓутоа, епизодата во Каталонија траеше кратко за холандскиот стратег, кој поради лоши резултати доби отказ во октомври лани. ег/гт/

Остани поврзан