• петок, 27 декември 2024

Кумановци ќе селектираат отпад

Кумановци ќе селектираат отпад
Куманово, 7 ноември 2022 (МИА) - Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ почнува пилот-проект за селектирање отпад во две кумановски населби Гоце Делчев и Зелен рид, соопштија денеска надлежните и ги повикаа граѓаните од населбите да селектираат отпад.
Пилот проектот се спроведува во соработка со невладина организација со која веќе е потпишан меморандум за соработка. Заинтересираните ќе треба да ја симнат апликацијата „Селектирај отпад“и  ќе добијат специјални ќеси.
-  Во комуналното претпријатие ќе добијат кеси во различна боја за различен вид отпад и подоцна ќе се собира. Предвидено е да има кодови кои ќе се скенираат. Предвидена е и замена на вреќите за отпад и награди за оние кои најмногу ќе соберат граѓаните.Пред три години започнавме со селектирање на отпад беа поставени специјализирани садови за селектирање на отпад, а идејата беше селектираниот отпад да се носи на депонија каде има набавено дополнителна опрема за секундарна селекција од која ќе се оствареше и дополнителен бенефит, но за жал опремата беше уништена од страна на лицата кои собираат пластика.  вели Стојчевски.
Преку овој проект кој ќе се спроведува два месеци ќе се селектира пластика, лименки и хартија, а отпадот ќе го собираат екипи на комуналното претпријатие. За најуспешните предвидени се симболични парични награди. По завршувањето на пилот проектот селектирањето на отпадот ќе биде достапно за сите граѓани на општина Куманово.Од претпријатието очекуваат акцијата успешно да заврши, да придонесе за зачувување на животна средина, да се развие свеста кај сите граѓани за почист и поеколошки град.ам/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан