• среда, 27 ноември 2024

Кумановци кои претрпеа штета имаат рок уште два дена да поднесат барање за надоместок

Кумановци кои претрпеа штета имаат рок уште два дена да поднесат барање за надоместок

Куманово, 9 јули 2024 (МИА) - Кумановци имаат рок уште два дена да пријават штета од обилните врнежи од дожд и невремето што го зафатија градот и околината последната недела од јуни, информираа денеска од Општина Куманово.

-Се известуваат граѓаните на територија на општина Куманово дека краен рок за пријавување на штети од обилните врнежи од дожд и невремето што беше во изминатиот период е до четврток (11.07.2024 година). Граѓаните кои имаат претрпено штети, треба да поднесат барање за каков вид на штета се работи преку архива на Општината или да се информираат на телефонскиот број 075/273-192, информираа од Општината.

Претходно, оттаму соопштуваат дека биле поднесени 96 барања за претрпена штета од обилните врнежи од дожд и невреме. Најмногу барања се поднесени за штети предизвикани на земјоделско земјиште со насади, недвижен и движен имот.

-Граѓани од повеќе локации од градското подрачје поднеле барања за надоместок на штети до Комисијата. И жители од руралните средини поднеле барање за надоместок на штета претежно за насади од Косматац, Шупљи Камен, Зубовце, Биљановце, Четирце, Љубодраг, Романовце, Довезенце, Ново село, Умин Дол, Режановце, Орашац, Речица, Добрашане, Горно Којнаре, Черкези.

Последната недела од јуни, Куманово беше зафатено со силен дожд, проследен со силни електрични празнења и грмежи. Граѓаните реагираа за поплавени подруми, приземни делови од објекти, куќи, дуќани. ам/сст/


Фото: МИА

Остани поврзан