• четврток, 26 декември 2024

Кумановци за шест месеци поднеле 36 претставки до канцеларијата на Народниот правобранител

Кумановци за шест месеци поднеле 36 претставки до канцеларијата на Народниот правобранител

Куманово, 17 јули 2023 (МИА) - Кумановци и жителите на општините од североистокот поднеле 36 претставки до подрачната канцеларија на Народниот правобранител, за првите шест месеци од годината. 

-Најмногу претставки поднесени се од областа за урбанизам и градба, осум, потоа шест за правосудство, четири за пензиско и инвалидско осигурување, по три за потрошувачки права, имотни права, работни односи и други права. По две претставки граѓаните поднеле за областа социјална сигурност и заштита, по една за заштита на животна средина и здравствена заштита, изјави, Гордана Т. Ристовска, државен советник, од подрачната канцеларија на Народниот правобранител, Куманово.

Сепак, во канцеларијата помош побарале 220 граѓани, претежно кумановци, а помал дел се жители на соседните општини. Во првите шест месеци, од подрачната канцеларија не поднеле претставка по сопствена иницијатива.

Од канцеларијата нагласија дека граѓаните на Крива Паланка и тамошните соседни општини можат да се сретнат со нив секој последен четврток во месецот во просториите на општината. ам/цр

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан