• петок, 27 декември 2024

Кумановски пензионер поднесе иницијатива до Уставниот суд за одвојување на членарина од солидарен фонд

Кумановски пензионер поднесе иницијатива до Уставниот суд за одвојување на членарина од солидарен фонд

Куманово, 30 септември 2023 (МИА) - Кумановскиот пензионер Мирослав Трлин поднесе иницијатива до Уставниот суд за член од Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кој се регулира плаќање на солидарниот фонд и плаќањето членарина.

Во изјавата за медиумите Трлин посочува дека солидарниот фонд премина во ПИОМ кој ги исплаќа средствата. Тој бара да се разделат овие средства, Здружението на пензионери да функционира со плаќање членарина на оние вистински сакаат да членуваат.

-Условување да се наплаќа членарина е само по мене пирамидална организација за да се соберат огромен број на средства, се работи за некаде 315.000 членови на годишно ниво. Тоа е прилично голема сума пари, кои за жал не ги користат сите пензионери. Би кажал само пет проценти, останатите се само фиктивни членови кои имаат обврска да уплаќаат, а не и да ги трошат тие пари за кои не знаат ниту каде одат, што нуди тоа здружение, што добиваат за таа членарина, изјави Трлин.

За него необјасниво е што во државата сè уште функционира овој начин, споредувајќи ја со Хрватска во која од 1, 2 милиони пензионери само 120.000 се членови на здружение. Во земјава како што наведе од 335.000 пензионери дури 315.000 се членови. Тој очекува Уставниот суд да ја прифати иницијативата о додава дека здруженијата можат поинаку да функционираат.

-Самите членови на здруженијата сегашни и фиктивни кои знаат дека им се одбива да се освестат да знаат, изјави Трлин

Тој потсети дека група пензионери од Куманово поднесе иницијатива до сојузот на пензионери во Скопје со барање членарината да се плаќа на поинаков начин, наместо сегашниот начин, линеарно 30 денари. Во барањето на пензионерите било наведено дека членарината треба да се плаќа еден процент согласно висината на пензија, а оние со пензија до 10.000 денари да членуваат, без да плаќаат.

-Но до денес не ни одговорија, си гледаат само за свој интерес, вели Трлин. ам/ев/

Фото: МИА

Остани поврзан