• петок, 27 декември 2024

Кумановските угостители се приклучија на протестот со колегите од државата

Кумановските угостители се приклучија на протестот со колегите од државата
Куманово, 20 април 2021 (МИА) - Здружението на угостители „Бисер“ од Куманово, се приклучија на протестот на угостителите кој се одржува во Скопје во организација на угостителско-туристичката комора. Од пред паркинг просторот пред комплексот базени Куманово, угостителите побараа континуирана финансиска поддршка. - Бараме конкретна помош, не позајмици, кредити коишто се достасани од првите ковид мерки кои ги добивме лани, бараме еднократна финансиска помош во три категории во зависност од големината и бројот на вработените, финансиска помош за угостителските објекти кои 14 месеци не работат, рестораните за свадби, ноќни клубови и мораториум на сите кредити и камати кои ги имаме кон комерцијалните банки и развојната банка коишто ги добивме како ковид мерка-изјави, претседателот на здружението, Тони Димитриевски. Претходно, здружението одржа и средба со пратеници и локална власт од Куманово и бараа изгласување на петтиот пакет мерки. - Сега треба да почне да аплицираме, вели Димитриевски. Угостителите велат дека станува сè потешко за работа. Во здружението „Бисер“ членуваат над 50- тина субјекти кои гнереираат помеѓу 2 и 3000 вработени лица. ам/аа/

Остани поврзан