• недела, 24 ноември 2024

Кумановските средни училишта формираа паралелки со помалку од 25 ученика

Кумановските средни училишта формираа паралелки со помалку од 25 ученика

Куманово, 1 октомври 2024 (МИА) - Кумановските средни училишта формираа паралелки со по 25 ученика, информираа денеска надлежните од секторот за образование. Гимназиите „Гоце Делчев“ и „Сами Фрашери“ годинава запишаа ученици за по една паралелка помалку, додека во средните стручни училишта се запишаа помалку ученици во профили од трет степен.

- Согласно законот, по претходно позитивно мислење од Министерството за образование и наука и изјаснување од Советот на општината може да се формираат паралелки под 25 ученика. Училиштата имаат поднесено барање со уредна документација и имаат добиено позитивно мислење од МОН. Факт е дека имаме помалку ученици, изјави раководителот на секторот за образование, Александар Јовановиќ.

Куманово е најголема општина во државата, но сепак трендот на миграција не го одминува градот. Според податоците на секторот има училишта и паралелки со по 35 ученика, како што е насока за информатика, медицина, графички дизајн. Административната постапка годинава доцни поради согласноста од ресорното мнистерството.

- Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта и три фактори се клучни пад на наталитет, општинска миграција и миграцијата кон западноевропски земји која е во тренд последниве години. Нормално е дека ќе има намалување при упис на учениците во средните училишта. Согласно законската регулатива училиштата имаат право да поднесат барање до ресорното министерство за формирање на паралелки под 25 учениците, сепак имаме и со 35 ученика, изјави Јовановиќ.

Значително намален интерес имало за профили од трет степен во средните стручни училишта. Според податоците на секторот во одредени училишта во некои насоки имало само по двајца запишани ученици во првиот уписен рок.

- Има паралелки каде нема интерес, учениците не ги бираат особено паралелките од трет степен. Училиштата уредно си поднесоа барање до МОН кое си даде свое видување ги одобри паралелките и се изгласани на седница на советот. И за прв пат има намалување една паралелка во гимназиите „Гоце Делчев“ и „Сами Фрашери“ по една во стручните „Наце Буѓони“ и во „Перо Наков“, изјави Јовановиќ. ам/цр


Фото: МИА

Остани поврзан