• четврток, 29 август 2024

Кумановските пожарникари гаснеа пожар во простории на поранешниот хотел „Кристал“

Кумановските пожарникари гаснеа пожар во простории на поранешниот хотел „Кристал“
Куманово, 22 август 2022 (МИА) - Пожар избувнал во просториии (соби) на поранешниот хотел „Кристал“. Пожарникарите го гаснеле пожарот од 21:30 до 22:30 часот со една екипа и едно противпожарно возило, информира денеска Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.
  Досега и во неколку наврати гореше објектот на поранешниот хотел „Кристал“, што се наоѓа во центарот на градот. Поранешниот хотел „Кристал“ е еден од најрепрезентативните објекти во Куманово, кој е во стечај повеќе од деценија. ам/мд/

Остани поврзан