• петок, 27 декември 2024

Кумановските археолози ги завршија истражувањата на локалитетот Градиште во село Младо Нагоричане

Кумановските археолози ги завршија истражувањата на локалитетот Градиште во село Младо Нагоричане
Куманово, 22 јуни 2022 (МИА) - Кумановските археолози годинешниве истражувања на локалитетот Градиште во село Младо Нагоричане, информираа денеска од Националната Установа Музеј Куманово. На локалитетот при истражувањето на двата сектори, „Акропола“ и „Долна тераса“, откриени се бројни наоди, претежно фрагменти од хеленистичка и раноантичка керамика, садови, тегови и накит. На „Акрополата“ откриени се и делови од каналот за одвод на вода од резиденцијалниот објект за кој стручните претпоставуваат дека е владетелска палата. - Особено сме среќни сме што оваа година успеавме да ги потврдиме нашите претпоставки дека северниот карпест дел од „Долната тераса“ е користен за изведување на ритуали и со тоа го потврдивме постоењето на светилиште на карпа од раноантичкиот и хеленистичкиот период (6-3 в. пр. н. е.), дистанцирано од евентуални храмови и од останатиот дел од населбата. Изведувани се обреди на полагање на дарови (садови, претежно користени за вино, како и тегови од разбој, а поретко фигурини и златен накит) врз самата карпа, кои потоа биле покривани (затрупани) со камен, изјави раководителот на проектот и археолог, Дејан Ѓорѓиевски. Жителите оставале дарови за да им угодат на боговите за подобар род или за мртвите, претходно симболично чистејќи во пронајдениот столб на кој стоело корито пред светилиштето. - Во многу детали ископувањето на локалитетот наликуваше на откритијата на Кокино, кои се скоро 2000 години постари, и со тоа, можеме да кажеме дека постоел континуитет во верувањата и ритуалите во регионот, појаснува Ѓорѓиевски. Класичните и хеленистичките светилишта на карпа се ретки и кумановскиот регион со тоа се вбројува во кругот на медитеранските цивилизации кај кои се откриени ваквите свети места. Ископувањата се реализирани со финансиска поддршка на Министерството за култура.ам/свс/

Остани поврзан