• сабота, 28 декември 2024

Кумановскиот театар со „Соѕвездија“ на велешката театарска сцена

Кумановскиот театар со „Соѕвездија“ на велешката театарска сцена

Велес, 28 јануари 2024 (МИА) - На големата сцена на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ синоќа гостуваше ансамблот на Кумановскиот народен театар со претставата „Соѕвездија“ според текст на Ник Пејн во режија на Нела Витошевиќ, сценографијата е на Васил Христов, композитор е Огнен Анастасовски, а костимите се на Розе Трајчевска.

Улогите во претставата ги толкуваа Александра Пешевска, Мирослав Петковиќ, Нина Максимова, Марко Трајковиќ, Владанка Крстевски, Давид Илиќ. Тие беа наградени со долг и силен аплауз од велешката публика која беше сместена на столчиња поставени  на  сцената веднаш до актерите и одблизу ја  следеше нивната изведба.

По претставата една од актерите Владанка Крстевски за МИА изјави дека повеќепати доаѓала во велешкиот театар како публика, но ова и е прв настап на велешката театарска сцена за која ја даде оценката дека е најдобра во  земјава, а   воедно и дека има одлични актери и публика која топло ги прима актерите и знае каде да ракоплеска и награди за добрата изведба.

Таа потсети дека претставата премиерно ја одиграле на 13 септември 2021 година во екот на пандемијата, потоа направиле пауза и лани повторно ја обновиле, а успешно била изведена и на Театарскиот фестивал „Ристо Шишков“ во Струмица. Продолжуваат со нејзини изведби на кумановската и други сцени односно гостувања во градовите во земјава.

-Оваа е претстава која многу значи за нас како ансамбл бидејќи искажува приказна на љубов нешто што е повеќе од потребно во денешното време. Од оваа претстава упатуваме порака  дека во животот треба  да се даваат шанси, бидејќи одлуките не мора секогаш да се конечни. Треба да се даваат шанси, бидејќи не знаеме утре што не чека, потенцира актерката Крстевска.ад/вј/

Фото: МИА

Остани поврзан