• сабота, 28 декември 2024

Кумановскиот театар гостува во Гевгелија со претставата „Љубовна терапија“

Кумановскиот театар гостува во Гевгелија со претставата „Љубовна терапија“

Гевгелија, 15 февруари 2024 (МИА) - Вечер во Народниот театар во Гевгелија гостува ансамблот на Театар Куманово со претставата „Љубовна терапија“, работена според оригиналниот текст на „Beyond therapy“ на Кристофер Дјуранг.

- Љубовта е обработена како индивидуална потреба, љубовта (не)споделена, љубовта во и вон семејството, каде преку апликации за запознавање и тераписки средби на комичен начин се запознаваме со карактерите на ликовите и нивните меѓучовечки односи. Знаејќи за тоа колку е важно љубовта да е заемна, се наметнува прашањето дали самата љубов може да биде терапија и дали терапиите можат да ја подобрат љубовта помеѓу поединци и поголеми човечки маси, вели за претставата драматургот Симона Тоскиќ.

Како што се додава во известувањето од Народниот театар во Гевгелија, од друга страна, ако љубовта е двигател на светот, тогаш дали едно вперување на пиштол може за момент да го запре неговото движење и да остави последици? Одговорите на сите овие прашања се наоѓаат во претставата „Љубовна терапија“ во режија на Драгана Таневска.

Улогите ги толкуваат Марко Трајковиќ, Владанка Крстевски, Жарко Јовановиќ, Александра Михајловска, Никица Јанковски и Матеј Стојковски.рт/ир

Фото: Организатори

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан