• среда, 25 декември 2024

Кумановска текстилна фирма почна со изработка на маски

Кумановска текстилна фирма почна со изработка на маски

Куманово, 25 март 2020 (МИА) - Кумановска текстилна компанија почна со изработка на заштитни маски, информира денеска градоначаникот Максим Димитриевски. Максите ќе бидат дистрибуирани до граѓаните.

-Благодарност до фирмата БОСУТ Куманово која денеска почна со производство на поголема количина на заштитни маски кои ќе бидат донација, а подоцна ќе ги дистрибуираме бесплатно до граѓаните. Благодарност и до Дирекцијата за одземен имот која со одлука на Влада ни го обезбеди репроматеријалот за изрaботка на маските, објави кумановскиот градоначалник.

Tој информира дека општината набавила 12 моторни пумпи - прскалки за дезинфекција на јавно прометни површини и влезови на згради, како и пластични заштитни везири.

Продолжува дезинфекцијата на екипите на ЈП Чистота и зеленило и ТППЕ Куманово - противпожарна единица на стамбени згради на повеќе локации  „Трета МУБ, Народна револуција, Тоде Мендол, Гоце Делчев, Зелен Рид и на улиците во населбата Средорек.ам/бт/

Остани поврзан