• петок, 27 декември 2024

Куманово ќе избира компании за реконструкција на улици во две населби

Куманово ќе избира компании за реконструкција на улици во две населби
Куманово, 17 март 2022 (МИА) - Општина Куманово распиша оглас за избор на фирми за реконструкција на две улици во две одделни населени места во Куманово, соопштија денеска надлежните. Општина Куманово ќе ги реконструира улиците „143“ од населбата Карпош и крак од улицата „420“ од населбата Иго Тричковиќ. Според објавата на јавни набавки, заинтересираните компании треба да поседуваат соодветен документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран. Понудувачот е должен да достави скенирана оригинал лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија издадена од Министерство за транспорт и врски. Заинтересираните треба да достават понуди за двете улици за 21 март, кога и завршуваат јавните повици. ам/ки/

Остани поврзан