• четврток, 26 декември 2024

Куманово ќе гради потпорен ѕид во урбаната единица „Благој Стефковски Гојчо“

Куманово ќе гради потпорен ѕид во урбаната единица „Благој Стефковски Гојчо“
Куманово, 28 јули 2022 (МИА) - Општина Куманово ќе гради потпорен ѕид на улицата „100“ во урбаната единица „Благој Стефковски Гојчо“, информираа денеска надлежните од одделението за комунални дејности. Улицата ги поврзува „Благој Стефковски Гојчо“ и булеварот „Трета Македонска Ударна бригада“ во поширокото централно градско подрачје. Општина Куманово избра компанија за изведување на градежните фирми. Како што е наведено на страната на електронскиот систем за јавни набавки, општината ќе одвои 7.274.700 денари со вклучен данок на додадена вредност. На тендерот избрана е компанијата „Евроградба-инженеринг Дооел“, од општина Василево. На јавниот повик се пријавиле три компании од Свети Николе, Липково и Василево. ам/цр

Остани поврзан