• четврток, 26 декември 2024

Куманово одвои околу 1,5 милион денари за изработка на проекти за подземна инсталација

Куманово одвои околу 1,5 милион денари за изработка на проекти за подземна инсталација
Куманово, 23 мај 2022 (МИА) - Општина Куманово избра консултантска куќа за изработка техничка документација за обнова, реконструкција, изработка на ревизија за подземна инсталација, соопштија денеска надлежните. Куманово ќе одвои 1.499.780 денари за изработка на техничка документација за основен проект за обновување, реконструкција и изградба со ревизии за фекална канализација, водоводна мрежа, атмосферска канализација, инсталација за инфраструктурни водови за пренос на гас, телекомуникациски водови и друго. На повикот за архитектонски услуги, инженерски услуги и интегрални инженерски услуги, услуги за просторно планирање и инженерски услуги за уредување на земјиштето се пријавиле четири компании од Скопје и избрана е понудата на „МГ ПРОЕКТ ДООЕЛ“ Скопје. Договорот има важност од една година. ам/цр

Остани поврзан