• четврток, 29 август 2024

Куманово и Делта најуспешни на атлетскиот Куп на Македонија 2024

Куманово и Делта најуспешни на атлетскиот Куп на Македонија 2024

Скопје, 8 јули 2024 (МИА) – Делта од Скопје и Куманово се победници на Купот на Македонија за сениори и сениорки организиран од страна на Атлетската федерација на Македонија викендот во Скопје.

На ова првенство учество зедоа повеќе од 20 клубови и 120 Атлетичари кои се бореа за престижот победник на Купот на Македонија, натпреварување кое по карактер е Екипно Првенство на кое атлетичарите и атлетичарките согласно остварените резултати и исполнетите норми собираат бодови кои ќе им послужат за што повисоко рангирање на своите клубови.

Севкупен победник на Купот на Македонија за 2024 година е Атлетскиот Клуб Делта од Скопје, за кого ова е 4-та освоена титула од ова натпреварување.

Најдобрите клубови во машка и женска конкуренција се:

Кај сениорки:
1. место со 410 бодови АК Куманово
2. место со 293 бодови АК Делта
3. место со 274 бодови АК 7ми Мај

Кај сениорите:
1. место со 939 бодови АК Делта
2. место со 517 бодови АК Куманово
3. место со 279 бодови АК 7ми Мај

Севкупен екипен пласман на прворангираните три екипи:
1. место со 1232 бодови АК Делта
2. место со 927 бодови АК Куманово
3. место со 553 бодови АК 7ми Мај. зс/

Фото: АФМ

Остани поврзан