• понеделник, 02 септември 2024

Кумановец нападнат од две лица во угостителски објект

Кумановец нападнат од две лица во угостителски објект
Куманово, 28 јануари 2022 (МИА) - Кумановец пријавил во полиција дека бил нападнат од две лица  во угостителски објект во центарот на градот. -Вчера во 13.20 часот во СВР Куманово, Д.Б.(35) пријавил дека на 26.01.2022 околу 23.00 часот во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ во Куманово бил физички нападнат од Г.Е. и уште едно лице, соопштија од СВР Куманово. Полицијата  презема мерки за расчистување на случајот. ам/цр

Остани поврзан