• среда, 25 декември 2024

Кумановец измамен при набавка на огревно дрво

Кумановец измамен при набавка на огревно дрво

Куманово, 26 септември 2024 (МИА) - Шеесет и тригодишен кумановец пријавил во полицијата дека бил измамен при набавка на огревно дрво, соопшти денеска кумановската полиција. Кумановецот, вчера во 15 часот пријавил во СВР Куманово, дека бил измамен од едно лице за сума од сто (100) евра.

- Според пријавеното, лицето му понудило огревни дрва и откако се договориле заедно се упатиле на местото каде наводно требало дрвата да пристигнат. Како што е пријавено, лицето го оставило пријавувачот да чека и заминал наводно да смени девизи, но се упатил во домот на пријавувачот, каде што ги побарал парите од неговиот брат, соопшти полицијата.

СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.

Во 2023 година на подрачјето на СВР Куманово биле регистрирани вкупно седум измами за дрва, а во 2022 година 15 пријави за измами со огревни дрва. СВР Куманово презема мерки и активности за пронаоѓање и санкционирање на сторителите на овие измами.

-Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните да бидат претпазливи, а особено повозрасните лица кога непознати лица им се јавуваат, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги и сите сомнителни случаи да ги пријават на 192, велат од СВР Куманово. ам/ир/

Фото: МИА

Остани поврзан