„Културното наследство отпорно на катастрофи и конфликти“ - едукативен настан на археолошкиот локалитет Тумба Маџари
- На археолошкиот локалитет Тумба Маџари денеска од 11:00 до 15:00 часот, Националниот археолошки музеј организира едукативен и интерактивен настан на тема „Културното наследство отпорно на катастрофи и конфликти“.

Скопје, 16 април 2025 (МИА) - По повод 18 април, Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите Националниот археолошки музеј организира едукативен и интерактивен настан на тема „Културното наследство отпорно на катастрофи и конфликти“.
Настанот ќе се одржи на археолошкиот локалитет Тумба Маџари.
-Поканети се сите заинтересирани граѓани бесплатно да влезат на локалитетот и да учествуваат во интерактивните тури со археолози, Проектот за деца „Јас археолог“, Симулација на археолошки ископувања и Информации од терен, директно од експертите. Придружете ни се и откријте зошто културното наследство е вредност што мораме да ја заштитиме, дури и кога светот се менува, посочуваат од Националниот археолошки музеј.
Координатор на настанот ќе биде Елена Стојанова Канзурова, кустос советник, а раководител на проектот „Јас археолог" е Марија Рабаџиска, музејски водич. фф/мч/
Фото: МИА Архива